19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook чекори кон 2 милијарди активни корисници

Facebook чекори кон 2 милијарди активни корисници

Сезона е за објавување на финансиските извештаи кои го покриваат работењето во првите три месеци од оваа година, па така секој ден дознаваме некои нови и интересни информации.

„Facebook“ во споменатиот квартал оствари прилично позитивни резултати, меѓу кои се истакнува растот на приходот од дури 49% во однос на истиот период од минатата година. Приходите на друштвената мрежа изнесуваат 8,03 милијарди долари, додека во истиот период добивката порасна за дури 73% и изнесува 175 милиони долари.

Најголем генератор на овој раст во финансиски план се, како и во последните неколку квартали, рекламите на мобилната платформа, кои сега изнесуваат дури 85% од приходите на „Facebook“ од рекламирање. Нормално, поголеми приходи обезбедува и растечкиот број на корисници за кои тие реклами и се наменети.

Најголемата друштвена мрежа моментално бележи 1,28 милијарди дневни активни корисници, како и 1,94 милијарди месечни активни корисници. Доколку продолжи овој тренд на раст, 2 милијарди месечни корисници „Facebook“ ќе достигне веќе во овој квартал.

„Facebook“ во последнава година го зголеми и бројот на вработени, и тоа за 38%. Тие сега изнесуваат 18.770, a само во првите три месеци се вработени околу 1.700, што исто така е рекорден број.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП