26 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИJelly – најмалиот паметен телефон во светот (видео)

Jelly – најмалиот паметен телефон во светот (видео)

Додека повеќето производители работат на мобилни уреди со големи екрани, компанијата „Unihertz“ го произведе можеби и најмалиот „4G“ паметен телефон во светот наречен „Jelly“.

„Jelly“ има 2,45-инчен eкран и е дизајниран така што без проблем може да се стави во џеб. Уредот работи на оперативниот систем „Android Nougat“, а произведен е во три бои – бела, сина и црна. „Jelly“ има предна камера од 2 MP и задна од 8 MP.

Oвој мобилен телефон е замислен да биде како дополнителен бизнис телефон, но е одличен и како примарен за сите корисници кои од уредот првенствено очекуваат функционалност.

„Jelly“ работи како и останатите паметни уреди. Сите апликации за „Android“ може да се инсталираат на него, но тие изгледаат навистина минијатурно во однос на оние на кои сте се навикнале.

Компанијата „Unihertz“ соопшти дека „Jelly“ ова лето ќе пристигне на пазарот, а ќе чини околу 60 американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП