2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапочна производството на новиот кросовер на Opel

Започна производството на новиот кросовер на Opel

Два месеци откако имаше светска премиера на автосаемот во Женева, „Opel Crossland X“ слезе од производната лента од погонот во Сарагоса.

„Crossland X“ е развиен во соработка со компанијата „PSA Peugeot Citroen“ пред францускиот производител да го купи „Opel“ oд „General Motors“. Aвтомобилот кој е дел од сегментот компактни кросовер/SUV возила, за разлика од моделот „Opel Mokka X“, нема да биде достапен во верзија со погон на сите 4 тркала.

Димензиите на „Crossland X“ претставуваат компромис прилагоден за возење во град, но пространоста во кабината е погодна и за долги патувања. Со должина од 4,21 метри, „Crossland X“ e 16 сантиметри пократок од „Astrа“, но во исто време е и 10 сантиметри повисок.

Благодарејќи на тоа патниците може да уживаат во подигнатата позиција за седење, што придонесува за подобра прегледност, слично како и кај класичните „SUV“ модели.

Зафатнината на багажниот простор е 410 литри, без навалување на задната клупа. Со поместување на седиштата во крајната предна положба, багажникот се зголемува на 520 литри. Ако задната клупа се навали во целост, зафатнината на просторот е 1.255 литри.

Покрај моделот „Crossland X“, „Opel“ во Сарагоса ги изработува и возилата „Mokka X“ и „Corsa“, a oд 2019-та во оваа фабрика ќе се составува и новата генерација на „Corsа“, заснована на „PSA“ механичката платформа.

„Opel Crossland X“ веќе започна да се продава во Германија по цена од 17.000 eвра, што е околу 2.000 евра помалку од најевтината „Mokkа X“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП