12 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft го претстави својот конкурент на MacBook

Microsoft го претстави својот конкурент на MacBook

Американската технолошка компанија „Microsoft“ го претстави својот прв вистински лаптоп – уред, кој ќе чини од 999 долари, а ја користи најновата верзија на оперативниот систем „Windows“ и е насочено кон студентите. Тоа е и најновиот обид на „Microsoft“ да се претвори во клучна фигура во хардверскиот свет, за да се натпреваруваат со „Apple“.

Лаптопот „Surface“ се појавува во четири бои – злато, платина, сина и бордо. Околу тастатурата пак нема метална облога. Наместо тоа, компанијата има поставено помека микрофибер облога.

Уредот е со 13,5-инчен екран на допир, со најновиот процесор на „Intel“, а животот на батеријата е 14,5 часа според „Microsoft“. Освен тоа лаптопот ќе работи со „Windows 10S“ – софтвер кој компанијата го претстави во вторникот. Тој ќе биде побрз и ќе нуди подобра безбедност од претходните верзии.

„Microsoft“ го насочува својот нов оперативен систем и лаптоп кон секторот на образованието, каде вкупната вредност на договорите на персонални компјутери, вклучувајќи десктоп, лаптопи и таблети – достигна 15,6 милијарди долари според компанијата за истражување на пазарот „IDC“.

„Microsoft“ и „Apple“ одамна доминираат на пазарот на училишни компјутери, но „Google“ неодамна направи пробив со своите евтини и едноставни уреди „Chromebook“.

„Windows 10S“ ќе биде достапен на евтини компјутери, а ќе биде насочен кон основните училишта, каде наставниците сакаат едноставни и лесни за одржување машини кои работат брзо. „Dell“, „Samsung Electronics“ и „Toshiba“ се меѓу компаниите кои ќе предложат нови персонални компјутери со „Windows 10S“, со почетна цена од 229 долари од ова лето.

Со новиот „Surface“ лаптоп „Microsoft“ се надева дека ќе привлече студенти кои сакаат истовремено уред, на кој можат да се потпрат, но и да имаа премиум дизајн и материјали.

Ова е првиот класичен модел лаптоп на „Microsoft“. Претходните верзии беа или таблети, или хибриди меѓу таблет и лаптоп. Основниот модел вклучува 128 GB меморија, 4GB RAM и процесор „Intel Core i5“. Поскапите конфигурации ќе го имаат најбрзиот чип „Intel Core i7“, ќе имаат поголема меморија до 1 терабајт и околу 16 GB RAM.

Клучен за новиот лаптоп е системот „Windows 10S“, кој изгледа како сегашниот оперативен систем, но ги ограничува корисниците, така што тие можат да користат само апликации достапни само за „Microsoft“. Компанијата тврди дека тоа го продолжува животниот век на батеријата и го прави лаптопот побрз и побезбеден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП