28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродадени се преку 55 милиони примероци на Galaxy S7 и S7 edge

Продадени се преку 55 милиони примероци на Galaxy S7 и S7 edge

Иако телефоните „Samsung Galaxy S8“ и „Samsung Galaxy S8+“ се во центарот на вниманието во сите медиуми, не треба да се заборави и колку популарна беше претходната серија на овој уред.

Како што наведува „Strategy Analytics“ во својот извештај, телефоните „Samsung Galaxy S7“ и „Samsung Galaxy S7 edge“ досега се продадени во повеќе од 55 милиони примероци, комбинирано.

Потсетуваме дека овие два телефони беа претставени на 12-ти март минатата година. Сега кога „Galaxy S8“ и „Galaxy S8+“ се достапни во продажба, во многу европски продавници „Galaxy S7“ и „Galaxy S7 edge“ можат да се најдат со малку пониски цени.

Повеќето аналитичари очекуваа дека моделите „Galaxy S8“ и „Galaxy S8+“ ќе ги надминат своите претходници. По само два дена во пред-продажба во Јужна Кореја, двата телефони се резервирани во 550.000 примероци, што е за 5,5 пати повеќе отколку „S7“ и „S7 edge“. И самиот „Samsung“ нарача двојно повеќе телефони отколку од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП