7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка АД Скопје ќе исплаќа бруто дивиденда од 127 денари по...

Стопанска банка АД Скопје ќе исплаќа бруто дивиденда од 127 денари по акција

Надзорниот одбор на Стопанска банка, на седницата одржана на 28.04.2017 година, донесе Одлука за свикување на 41-та седница на Собранието на акционери кое ќе се одржи на ден 30.05.2017 година.

Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје ќе одобри исплата на дивиденда за обични акции во вкупен бруто износ од 2.217.442.860,00 денари.

Бруто дивидендата по акција изнесува 127,00 денари.

Датум на евиденција, според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на акционерската книга е 15.06.2017 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 12.06.2017 година.

Прв ден на тргување без право на дивиденда ќе биде 13.06.2017 година.

Исплатата на дивиденда ќе започне од 30.06.2017 година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП