3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканскиот сон изгледа достапeн во Мексико и Кина

Американскиот сон изгледа достапeн во Мексико и Кина

Според една неодамнешна студија на „HSBC“, 70% од милениумската генерацијата во Кина и 46% од мексиканските врсници поседуваат сопствен дом наспроти 35% од оние во САД.

Младите луѓе во Кина имаат корист од растот на платите, кој се очекува да ја надмине големината на поскапувањето на цената на имоти во споредба со минатата година. Не само оваа генерација во САД едноставно заостанува зад Кина. Овој тренд се забележува и кај младите луѓе во Франција (41% со сопствен дом), во ОАЕ (26%), а во Австралија – 28%. (Според друго истражување – на „WalletHub“, сепак околу 40% од милиниумската генерација во САД поседува сопствен дом).

Според извештајот на „WalletHub“ речиси 50% од генерацијата во Минесота имаат сопствено живеалиште, во Западна Вирџинија тие се 49%, а во Ајова – 48%. Најмал процент на оние кои поседуваат свој дом се во областа Колумбија – само 23,5%. Ниски нивоа на сопственост има уште во Хаваи, Њујорк, Орегон.

Застојот на платите сепак е причина многу млади луѓе да не можат да си дозволат имот, дури и на места каде што зголемувањето на цените е бавно. Сајтот за имот „Trulia“ ги нарече Средниот запад и Југот поволни зони за купување поради потценетиот имот, но во предвид стагнацијата во платите и тука американскиот сон станува невозможен.

Според „Trulia“ сепак во овие делови на земјата се забележува подобрување на корисничката доверба по претседателските избори. Експертите очекуваат купувачите на имот да се активираат, пазарот да се разбуди и тука да започне бавен раст на цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП