1 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Шведска стартуваше производството на новиот адут на Volvo

Во Шведска стартуваше производството на новиот адут на Volvo

Речиси два месеци од светската премиера, започна сериското производство на новата генерација на „SUV“ моделот „XC60“.

Новиот „XC60“ има пред себе тешка задача, а тоа е да го продолжи успехот на претходникот кој имаше 30% од продажбата на „Volvo“ aвтомобилите.

Компактниот „SUV“ е целосно редефиниран во споредба со првата генерација, како во поглед на дизајнот, така и на технолошки план. Aвтомобилот е поставен на новата „SPA“ механичка платформа, која веќе ја користат моделите „XC90“, „S90“ и „V90“.

Дизајнот на надворешноста исто така го следи стилскиот јазик кој веќе можеме да го видиме во споменатите три возила.

Палетата на мотори опфаќа 2.0-литарски четирицилиндарски дизели и бензинци од најновото семејство на „Volvo“ мотори, како што се дизелите „D4“ со 190 ks и „D5“ со 235 ks. Покрај тоа во понудата ќе биде и бензинецот „T5“ со 254 ks, како и „T6“ со 329 ks и 400 Nm максимален вртежен момент.

„XC60“ е опремен со истиот хибриден „T8“ погонски систем кој го користи и „XC90“. Станува збор за „Plug-in“ хибрид со вкупна комбинирана моќ од 407 ks кој овозможува овој „SUV“ oд 0 дo 100 km/h да стигне за само 5,3 секунди.

„Volvo XC60“ се изработува во фабриката Торсланд во Шведска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП