ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОтсега ќе може да палиме свеќи како со далечинско

Отсега ќе може да палиме свеќи како со далечинско

Иноватори од Португалија изработиле апликација за смартфон со која верниците ќе можат да палат свеќи во црква како со далечинско, без да стануваат од местото.

Иновацијата е дело на двајца млади католици и го носи трговскиот бренд „Кандла”. Преку неа, со еден клик ќе може да се избере местото, денот и светецот на кого е посветено палењето свеќа. Услугата чини едно евро и е временски ограничена на 15 минути, а достапна е во 14 цркви во Лисабон кои ја прифатија примената на новата технологија.

Во Португалија 80 отсто од населението се католици.

Според еден од двајцата пронаоѓачи – Жоао Песоа (30), апликацијата ќе им биде од корист и на луѓето со попреченост.

Иновацијата промотивно беше пуштена во продажба во август и веќе ја користат 10.000 лица.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП