9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка со намалена добивка за првиот квартал, влошено портфолиото кај корпоративните...

Комерцијална банка со намалена добивка за првиот квартал, влошено портфолиото кај корпоративните кредити

Во периодот од 01.01-31.03.2017 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 39 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 170,1 милион денари.

Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за 0,3% помала во однос на минатата година што се должи во најголем дел на намалувањето на нето приходите од камата и нето приходите од провизии и надомести.

Влијание врз намалениот финансиски резултат во извештајниот период има значителното зголемување на исправката на вредност на корпоративните кредити поради влошувањето на квалитетот на портфолиото што беше очекувано и се цени дека ваквата динамика ќе се задржи до крајот на првото полугодие.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 1.067,1 милион денари и бележат намалување од 1,7% во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 31.03.2017 година истите бележат намалување од 7,1% во однос на истиот период од минатата година. Намалувањето е резултат на намалена состојба и воздржување од дополнителна кредитна изложеност кај нефинансиските правни лица заради натамошното влошување на квалитетот на портфолиото. Планот за анализираниот период е остварен со 90,8%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 31.03.2017 година изнесуваат 199,8 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат намалување од 5,2%. Планот за анализираниот период е остварен со 96,2%.

Нето приходите од курсни разлики на 31.03.2017 година изнесуваат 30,4 милиони денари и бележат зголемување од 14,3%. Планот за анализираниот период е остварен со 93,6%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.03.2017 година изнесуваат 101,9 милиони денари и бележат зголемување за 65,8%. Планот за анализираниот период е остварен со 105,9%.

Оперативните расходи за периодот 01.01-31.03.2017 година изнесуваат 404,6 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се намалени за 3,9%. Планот е остварен со 93,6%.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа заклучно со месец март изнесува 16,8 милиони денари и се однесува на дополнително оштетување на новопреземен имот по основ на ненаплатени побарувања.

Исправката на вредност на финансиските средства на нето основа на 31.03.2017 година достигна износ од 606,6 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележи зголемување од 53,8%.

Вкупната актива на Банката на 31.03.2017 година достигна износ од 99.762,7 милиони денари и во однос на декември 2016 година бележи намалување од 1%. Намалувањето на вкупната актива во најголем дел се должи на намалувањето на паричните средства и парични еквиваленти и намалувањето на кредити и побарувања од други комитенти. Планот е остварен со 98,1%.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП