27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSeat Leon со 330ks за вистинските тркачи

Seat Leon со 330ks за вистинските тркачи

leon

„Seat“ на претстојниот фестивал на тјунирани возила „Wörthersee“ кој ќе се оддржи од 8-ми до 11-ти мај во Австрија ќе ја претстави тркачката верзија на најновиот „Leon“. Како што велат од овој производител „Leon Cup Racer“ ќе биде истотака основа за идниот автомобил на „Seat“ кој ќе се натпреварува во „WTCC“ шампионатот.

И оваа година производителите кои работат во рамките на групацијата „Volkswagen“ ќе бидат застапени на манифестацијата „Wörthersee“ со доработени спортски и тркачки верзии на своите сериски автомобили.

leon1

„Seat“ меѓу останатите во Австрија ќе го претстави и „Leon Cup Racer“ тркачката верзија на овој автомобил кој е базиран на последната генерација на хеџбекот со пет врати.

„Leon Cup Racer“ доби додатоци кои ќе ги подобрат неговите аеродинамични карактеристики на патеката. Големиот отвор на предниот браник ќе овозможува подобар проток на воздух, а автомобилиот е проширен за 400 mm на крилата за да се покријат широките 18-инчни алуминиумски фелни со тркачки пневматици.

Тука се уште и предниот спојлер, аеродинамичките додатоци на праговите и дифузер на долниот дел од задниот браник, како и централно поставената издувна цевка.

leon2

Највечатлив детал на овој автомобил е големиот заден спојлер кој во зависност од потребите може завзема една од двете положби кои ги има на располагање.

Внатрешноста на „Leon“ во целост е изменета во однос на сериската верзија. Покрај вообичаените натпреварувачки функции на автомобилиот тука се и специјалниот тркачки менувач и седишта, а вграден е и заштитен рол-бар кафез.

Автомобилот се придвижува со 2.0 литарски турбо мотор кој развива 243 kW/330 ks и максимален вртежен момент од 350 Nm.

leon3

Погонската единица е поврзана со шестостепен автоматски „DSG“ менувач со двојно квачило чии команди се наоѓаат на воланот. Во понудата е и опцијата за секвенцијален тркачки менувач кој се користи на трките за издржливост.

„Seat Leon Cup Racer“ ќе се продава по цена која се движи околу 70.000 евра, а на купувачите ќе им биде понуден во 2014-та година. Шпанскиот производител вели дека следната „WTCC“ верзија ќе се придвижува со 1.6 литарски мотор и ќе биде базирана токму на овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП