2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјоделците си ги бараат субвенциите, највуваат и блокада на Скопје

Земјоделците си ги бараат субвенциите, највуваат и блокада на Скопје

Педесетина земјоделци од Скопско денеска се на протест пред Министерството за земјоделство.

Бараат средба со надлежните за исплата на неисплатени субвенции за 2015 и 2016 година.

Најавија дека ќе го блокирааат влезот на Министерството и нема да дозволат никој да влезе и излезе сѐ додека не бидат исполнети нивните барања.

Земјоделците кои се на протест пред Министерство за земјоделство најавија дека ќе го парализираат цело Скопје со трактори, стока и механизација доколку за 24 часа не се сретнат со министерот за финансии Кирил Миноски, министерот за земјоделство Михаил Цветков и директорот на платежната агенција Игор Златков.

Дел од земјоделците тврдат дека државата им нема исплатено субвенциии повеќе од пет години. Тие им порачаа на членовите на Агенцијата за земјоделство во Македонија да излезат со механизација и да го поддржат нивниот протест наместо да протестираат во таканаречената Иницијатива за заедничка Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП