8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPhilips со седумкратeн раст на нето добивката за првиот квартал

Philips со седумкратeн раст на нето добивката за првиот квартал

Холандската компанија во секторот на електрониката „Philips“ забележа импресивен 700% раст на нето добивката за првото тримесечје од годината до 259 милиони евра во споредба со 37 милиони евра една година порано.

Силниот раст е поддржан од зголемувањето на оперативните приходи и ниските финансиски трошоци.

Продажбата на компанијата со седиште во Амстердам во кварталот, завршен на 31-ви март, се зголеми за речиси 4% до 5,77 милијарди евра. Растот главно се должи на продажбата на медицинска опрема, кој бележи раст од 3 проценти. Добивката пред камати и даноци (EBIT) расте со 75% до 348 милиони евра. Чистата добивка скокнала до 259 милиони евра (259 милиони долари) во текот на првите три месеци од годинава во споредба со 37 милиони евра за истиот период минатата година.

„Компанијата доживеа еден активен квартал, како со својот стратешки план за намалување на уделот во „Philips Lighting“ до 55%“, коментира извршниот директор Франс ван Хутен.

Прогнозата за 2017-та останува непроменета. Здравствено-технолошката компанија потврди дека очекува да се постигне раст на споредливата продажба меѓу 4 и 6%, како и зголемување на маргина на приспособениот профит пред камати, даноци и амортизација со околу 100 базични поени годишно.

„Philips“, која е позната со своите светилки, електрични апарати и телевизори, сега се фокусира на здравствените технологии, како компјутерска томографија и молекуларна дијагностика. Компанијата произведува исто така дефибрилатори, како и апарати за домаќинство – од електрични четки за заби до кујнски апарати.

„Philips“, која ја продаде првата сијалица неколку години, откако беше основана во 1891-ва година, собра 750 милиони евра од ставањето на берзата на уделот од „Philips Lighting“ кон крајот на мај 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП