29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda го претвори CR-V во спортски хибрид

Honda го претвори CR-V во спортски хибрид

„Honda“ е еден од првите производители на хибриди во светот, откако во 1999-та година го пушти на пазарот малиот хечбек „Insight“. Потоа компанијата предложи низа хибридни модели – од хечбекот „Fit“ до миниванот „Odyssey“. Јапонците го продаваа и кросоверот „Vezel“, кој исто така се потпираше на сличен агрегат, но беше наменет целосно за домашниот пазар.

На автосаемот во Шангај компанијата ја претстави новата верзија на најпопуларниот модел – „CR-V“, која го добила додатокот „Sport Hybrid“ кон името. Нејзиниот агрегат сепак е различен од оној на стандардните хибридните модели.

Кросоверот го има системот „i-MMD“ (Intelligent Multi-Mode Drive), која се користи во седанот „Accord“ за американскиот пазар, како и во миниванот „Odyssey“ за Јапонија. Под хаубата е поставен 2,0 литарски бензински мотор со 150 КС, кој работи по циклусот на Аткинсон. При помала брзина тој не ги придвижуватркалата, туку ги напојува генераторот, кој за возврат ја полни батеријата. Така движењето се реализира со електромотор, кој кај „Accord“ развива 184 КС.

При зголемување на брзината се активира и моторот со внатрешно согорување. Со помош на трансмисијата тој се вклучува за предните тркала, помагајќи им на електромоторите. Менувач во случајот нема. Слична шема користи и „Mitsubishi Outlander PHEV“, но кај него има електромотор и на задната оска, додека „Honda CR-V“ е целосно со преден погон.

Од компанијата го објаснија и присуството на зборот „Sport“ во името на моделот. Според експертите од „Honda“, со инстант реакција на педалот за гас и помош на електромоторите го тераат возачот на овој хибрид да се чувствува како во спортски автомобил.

Заедно со „CR-V Sport Hybrid“ во Шангај беше прикажана и новата генерација на стандардниот кросовер за кинескиот пазар. Моделот ќе се нуди со 1,5-литарски бензински турбомотор, вариаторна трансмисија и преден погон. Оваа верзија ќе биде достапна само за Кина, додека хибридната опција ќе се извезува и за други држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП