19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEbay разочара со својата прогноза

Ebay разочара со својата прогноза

Американската интернет трговска платформа „Ebay“ забележа повисоки приходи за првиот квартал, а нејзиниот профит се совпадна со очекувањата на аналитичарите. Компанијата го искористи новиот формат и дизајн на својот сајт, кој привлекол повеќе клиенти. Но во однос на прогнозата за второто фискално тримесечје инвеститорите беа разочарани, пренесува „Ројтерс“.

Во првите три месеци приходите остварија скок со 4% до 2,22 милијарди долари.

Нето добивката се покачува до 1,04 милијарди долари од 482 милиони долари пред една година. Добивката по акција изнесува 0,49 долари по профит од 0,47 долари пред една година. Аналитичарите кои беа испитани од „FactSet“ очекуваа профит од 0,48 долари при приходи во износ од 2,21 милијарди долари. Онлајн пазарот предвиде коригиранa нето добивка од 538 милиони долари, или 49 центи по акција, во споредба со 550 милиони долари, или 47 центи по акција, од пред една година.

За целата година од „Ebay“ очекуваат да генерираат приходи меѓу 9,3 милијарди и 9,5 милијарди долари. Според компанијата нејзиниот профит по акција ќе биде во опсег меѓу 1,85 и 2,10 долари, а нето добивката ќе изнесува меѓу 1,98 до 2,03 долари за акција, што се совпаѓа со очекувањата на аналитичарите за 2,02 долари.

За вториот квартал чистата добивка за акција ќе е во износ од 0,43 до 0,45 долари, а приходите ќе се во износ од 2,28 милијарди до 2,32 милијарди долари.

Досега пазарните очекувања за вториот квартал приход се од 2,32 милијарди долари и добивка од 0,48 долари за акција. Во берзанската сесија акциите поевтинија со околу 3% до 33,09 долари за готово.

За последните три месеци акциите додале 10,2 отсто на вредноста и 39,3 отсто за последната година. За споредба – индексот „S&P 500“ порасна со соодветно 3,3% и 11,3% за овие периоди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП