6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ во услови на долготрајна политичка криза компаниите ќе ги „почестат“ акционерите

И во услови на долготрајна политичка криза компаниите ќе ги „почестат“ акционерите

И во услови на долготрајна политичка криза, компаниите реализираат добри финансиски резултати. Деновиве на веб-страницата на Македонска берза компаните кои имаат акции објавија повици за годишни собранија на кои ќе бидат донесени одлуки за исплата на акционерите. 

Водечки на листата се компаниите од банкарскиот сектор, фармацијата и градежништвото. НЛБ Банка во предлог-одлуките за годишното собрание има определено бруто добивка од акција која изнесува 995 денари, што во однос на пазарната цена од 10.000 до 10.500 денари претставува речиси 10% капитална добивка.

Комерцијална банка годинава ќе издвои 150 денари за една акција за исплата на дивиденда, додека, пак, Охридска банка 99 денари акција.

Од фармацевтските компании, „рекордери“ се Реплек со износ од 3074 денари за една акција, а Алкалоид оваа година ќе ги „почести“ своите акционери со 250 денари бруто или 225 денари нето, за една акција.

Од компаниите кои се занимаваат со градежништво, АД Бетон Скопје и покрај тоа што има солиден профит за годинава, добивката за 2016 година ќе ја распредели во менаџерски награди и реинвестирана добивка. Интересно е што ќе се направи исплата на акумулирана добивка од 2008 година и тоа во износ од 1300 денари. Од Гранит сè уште немаат објава за одржување собрание на акционери. АД Македонски телеком за календарската 2016 издвои 17 денари по една акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП