2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајбрзата и најскапата патролна полиција во свет

Најбрзата и најскапата патролна полиција во свет

police

Возниот парк на полицијата во Дубаи е побогат за уште три скапоцени автомобили меѓу кои се најде и „Aston Martin One-77“ чија цена изнесува 1.45 милиони евра.

police2

Флотата на патролни автомобили на полицијата во Дубаи потсетува на колекција на суперавтомобили на некој шеик. Во карактеристичните зелено-бели линии претходно беа офарбани „Lamborghini Aventador“, „Ferrari FF“, „Chevrolet Camaro“ и „BMW 5“, а сега им се придружија „Mercedes SLS AMG“, „Bentley Continental GT Coupe“ и убедливо најскапиот од сите „Aston Martin One-77“.

New Dubai police Lamborghini Aventador

Трите најнови модели ќе бидат претставени во јановста во изложбениот простор „Arabian Travel Market“ во Дубаи од 6-ти до 9-ти мај.

Полицијата во Дубаи соопшти дека купувањето на овие скапоцени автомобили е дел од стратегијата за развој на туризмот и дека присуството на овие автомобили на улиците ќе претставуваат уште една од многуте туристички атракции во овој град.

police4

„Со оглед дека Дубаи е престолнина на луксуз и префинетост во секој поглед, неопходно е и полициските сили да држат чекор со тоа“, објаснува заменикот на шефот на полицијата, Камиш Матар Мазинах.

police5

Што се однесува до најскапиот модел во полицискиот возен парк, станува збор за автомобил кој е направен во ограничена серија од 77 примероци. „Aston Martin One-77“ го придивижува 7.3 литарски V12 мотор со 760 ks сместен во предниот дел од возилото, додека снагата се пренесува на задните тркала. За забрзување од 0-100 km/h потребно му е 3.5 секунди, а според фабричките податоци максималната брзина изнесува 322 km/h.

police1

Кога станува збор за „Ferrari FF“ интересно е да се спомене дека овој автомобил го користи патролниот тим кој го сочинуваат две полицајки.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП