7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJohnson & Johnson разочара со своите приходи

Johnson & Johnson разочара со своите приходи

Американскиот производител на фармацевтски и производи за широка потрошувачка, „Johnson & Johnson“ кој е во процес на завршување на купување на швајцарската компанија за биотехнологија „Actelion“ за 30 милијарди долари, забележа приходи кои не одговорија на очекувањата на аналитичарите. Причина за тоа се покажа слабата побарувачка на нејзините фармацевтски производи, пренесува „Ројтерс“.

Приходите од продажбата на „Johnson & Johnson“ сепак се зголемиле до 17,77 милијарди долари во првиот квартал од 17,48 милијарди долари од една година порано. Сепак тие се покажаа под средната оценка на аналитичарите кои очекуваа износот да достигне 18,04 милијарди долари, според „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Приходите од продажба на фармацевтски производи се зголемиле за 0,8% до 8,25 милијарди долари, под прогнозата на „Barclays“ за 8,47 милијарди долари.

Нето добивката за кварталот достигна 4,42 милијарди долари, или 1,16 долари по акција, во споредба со 4,46 милијарди долари, или 1,59 долари по акција, за истиот период една година порано.

Како се исклучат некои елементи, компанијата има заработено по 1,83 долари по акција, надминувајќи ја прогнозата на „Wall Street“ за 1,77 долари по акција.

Истовремено производителот ја зголеми прогнозата за 2017-та година, со што покажа дека се залага многу во купувањето на „Actelion“. Се очекува зделката да биде завршена во вториот квартал.

„J&J“ ја зголеми прогнозата за приходи од продажба до 75,40 до 76,10 милијарди долари, а таа за приспособен профит до 7-7,15 долари по акција.

Во јануари компанијата предвидува приходи во опсег од 74,10 до 74,80 милијарди долари и приспособен профит од 6,93 до 7,08 долари по акција.

„Johnson & Johnson“ е првата од големите фармацевтски компании, која го објави финансискиот извештај за кварталот. Акциите на „J&J“ ја намалија својата вредност со близу 1% до 124,60 долари пред почетокот на берзанската трговија во вторникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП