19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Тиквеш“ доби сребрен медал на меѓународен натпревар во Франција

„Тиквеш“ доби сребрен медал на меѓународен натпревар во Франција

tikves-srebro

Виното „Розе Classic“ од бербата 2012  на винарската визба „Тиквеш“ е наградено со сребрен медал на меѓународниот натпревар „Le Mondial du Rosé“, што се одржа по 10. пат во Франција.

Виното на „Тиквеш“ ја доби наградата во конкуренција од над 1.000 розе вина. На овој реномиран и високо специјализиран натпревар за розе вина се натпреваруваа винарии од 28 земји од светот, а најбројни беа винарниците од Франција, Шпанија и Италија, како и од Јужна Америка.

Квалитетот на вината го оценуваше стручно жири од 65 претставници од 18 различни држави со долга винска традиција.

„Тиквеш“ беше единствената винарница од Македонија и регионот која доби награда на ова натпреварување.

Од вкупните произведени количини на виното „Розе Classic“ на „Тиквеш“, околу 20 проценти се пласираат на домашниот пазар, а останатите 80 проценти се извезуваат. Во 2012 година продадени се 227.500 шишиња од ова вино.

Најновите истражувања на пазарот покажуваат дека розе вината се меѓу „најтрендовските“ вина во светот во последните дваесет години. Во време на криза кога продажбата на вино се намали, сегментот на розе виното остана стабилен и без никакви последици.

Три вина на „Тиквеш“ добија и награди на регионалниот вински фестивал „Вино Балканика“, што се одржа во Велико Трново во Бугарија. Во конкуренција на вина од Романија, Турција, Бугарија, Грција и Македонија, виното „Темјаника Special Selection 2012“ беше наградено со злато, а сребрен медал добија црвеното вино „Барово“ 2011 и „Ркацители Special Selection“ 2012.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП