Руските претставници и американската компанија „Google“ постигнаа вчера спогодба, со која е ставена точка на спорот кој руските власти го покренаа против Google поради инсталирање на своите апликации во мобилните уреди кои го користат оперативниот систем Android.
Според постигнатиот договор, Google ќе плати 439 милиони рубљи (7,8 милиони долари) казна и нема да ја ограничува инсталацијата на апликации и услуги на другите производители.
Договорот го обелодени заменик директорот на руската Федерална антимонополска служба Алексеј Достенко, известија руските медиуми, потсетувајќи дека истрагата ротив Google била покрената на барањето на веб сајтот Yandex, главниот сајт за пребарување на интернет во Русија.