26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Топ 20 берзи во светот

График на денот: Топ 20 берзи во светот

Инвеститорите добро знаат дека берзата во Њујорк „NYSE“ е дом на најважните акции во светот. Огромни компании како „Walmart“, „Berkshire Hathaway“, „Exxon Mobil“ и „Coca-Cola“ се впишани на пазарот, заедно со околу 2.400 други компании, а нивната вкупна пазарна капитализација е во износ од неверојатни 20 трилиони долари, коментира „VisualCapitalist“.

Но каде се наоѓаат останатите берзи во светот, на пример оние во Торонто или Лондон, во однос на „NYSE“?

Графиконот денес, дело на „StocksToTrade.com“, ги споредува 20-те најголеми пазари во светот од гледна точка на пазарната капитализација, бројот на записи на компании и година на создавање.

Најстарата берза

Од 20-те пазари во листата најстарата берза е оваа во Франкфурт. Првично, место на средновековни саеми во 11-тиот век, Франкфурт брзо станува важен центар за комерцијални и парични трансакции. Се проценува дека „раѓањето“ на берзата се случува во 1585-та година, кога трговците од саемите решаваат да создадат фиксни девизни курсеви.

Најмногу внесени компании

Основана во 1875-та година, „Bombay Stock Exchange“ всушност е првата берза во Азија. Во неа има 5.749 внесени јавни претпријатија, што е најголем број меѓу првите 20. Повеќето компании на „BSE“ се мали по пазарна капитализација, па просечната е само 292 милиони долари за компанија.

Најголема пазарна капитализација

Како што веќе рековме, „NYSE“ е лидер во овој поглед со вкупна пазарна капитализација од околу 20 трилиони долари. Кај следните берзи капитализацијата нагло опаѓа. На второ место е „NASDAQ“ со 7 трилиони долари, потоа „London Stock Exchange“ со 6 трилиони долари, „Tokyo Stock Exchange“ (4 трилиони долари), „Shanghai Stock Exсhange“ (4 трилиони долари) и „Hong Kong Stock Еxchange“ (3 трилиони долари).

Всушност само 16 берзи имаат пазарна капитализација од над 1 трилион долари. Највпечатливо е дека тие формираат околу 87% од вкупните Акции за капитализација во целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП