7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCitigroup забележа раст на профитот од 17%

Citigroup забележа раст на профитот од 17%

Citigroup оствари подобар раст од очекувањата од 17% на профитот за кварталот, поддржан од растот на приходите на институционалниот бизнис на американската банка.

Нето добивката е зголемена до 4,09 милијарди долари во првите три месеци од оваа година во споредба со 3,5 милијарди долари за истиот период од 2016-та година. Податоците ги надминуваат очекувањата на „Wall Street“ за 3,41 милијарди долари.

Приходите пораснаа за 3% на истата база до 18,12 милијарди долари, што е исто така повеќе од прогнозата на „Wall Street“ за 17,44 милијарди долари.

Бизнисот на „Citi“ на „Wall Street“ се претставил исклучително добро, а приходите на единицата за институционални клиенти скокнаа за 16% до 9,13 милијарди долари.

Приходите од инвестициското банкарство пораснале за цели 39% до 1,21 милијарди долари. Одделот за трговија со фиксен принос исто оствари зголемување на приходите од 19% до 3,62 милијарди долари, но растот кај корисничко банкарство е ограничено – само 1% до 7,82 милијарди долари.

Стабилното претставување на „Citigroup“ во првиот квартал наликува на силните резултати на „JPMorgan Chase“ – најголемата американска банка по актива, која исто така откри посилен од очекувањата профит како резултат главно на нејзиниот бизнис со инвестициско банкарство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП