26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle Photos ги стабилизира сите видеа и фотографии (видео)

Google Photos ги стабилизира сите видеа и фотографии (видео)

Многу напредни паметни телефони имаат можност за оптичка стабилизација на сликата за време на снимање на видео, но доколку вашиот смартфон ја нема оваа можност, тогаш можете да ја користите апликацијата „Google Photos“ која ќе ги преправи сите движења за време на фотографирањето или снимањето на видео.

Видео содржината за време на стабилизацијата малку „сецка“, но на крајот тоа не се забележува, а притоа дава одлични резултати. Меѓутоа, доколку оргиналната видео снимка е многу лоша, „Google Photos“ нема да може да „направи чудо“, пренесува „The Verge“. Со различни визуелни дисторзии, апликацијата многу подобро ја корегира секоја мaтна и нестабилна фотографија.

Оние кои сакаат да објавуваат видео содржини на „Facebook“ или „Instagram“, oваа апликација ќе им помогне за секаква обработка на видеото.

Даниел Стоун, корисник на апликацијата, сподели на „Youtube“ две видео снимки, едната пред и другата по стабилизацијата на видеото.

Од неговите примери може да се види на кој начин функционира „Google Photos“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП