16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ќе ги скрати сите пензии во 2019-та

Грција ќе ги скрати сите пензии во 2019-та

Грција најверојатно ќе треба да ги скрати сите пензии во 2019-та година, соопшти грчкото издание „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори. Владата се согласи на компромис да ги намали трошоците за пензии со 1% по две години, иако тогаш рокот на спасувачката програма ќе е истечен.

Покрај намалувањето на трошоците за пензии, доверителите инсистираат и за намалување на даночните олеснувања кои ќе придонесат со 1% од бруто домашниот производ повеќе приходи во државната каса во 2020-та година.

Во замена за тоа Атина ја добива можноста да применува итни мерки, но при примена на утврдените буџетски цели, како и на мерките за ублажување на долгот. Овие компромиси беа договорени на средбата на Еврогрупата на 7-ми април.

Сето сепак допрва треба да биде договорено на техничко ниво, кога експертските тимови од институциите, кои и даваат заеми на Грција, ќе се вратат во Атина.

Досега Владата успеваше да ги задржи пензиите за најсиромашните Грци. Очекувањата сега се дека тоа нема да биде можно и сите пензионери ќе го почувствуваат намалување, иако со помал процент.

Со можноста за дополнителни мерки сепак владата ќе може повторно да им помага на ранливите граѓани, како што веќе направи во крајот на 2016-та година. Тогаш дел од буџетскиот вишок (617 милиони евра) беше поделен во форма на бонуси за 1,6 милиони пензионери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП