3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГодишната добивка на Tesco ги надмина очекувањата

Годишната добивка на Tesco ги надмина очекувањата

Годишната добивка на ланецот супермаркети „Tesco“ ги надмина очекувањата на аналитичарите, кои дава поддршка на главниот извршен директор Дејв Луис за планираното купување на компанијата за трговија на големо „Booker Group“.

Приспособениот оперативен профит расте со 30% до 1,28 милијарди фунти (1,6 милијарди долари) во 12-те месеци до 25-ти февруари, пишува во соопштението на најголемиот британски синџир за малопродажба. Просечната оценка на економистите анкетирани од „Bloomberg“, беше за 1,26 милијарди фунти профит.

„Ние сме понапред отколку што се очекуваше да бидеме во оваа фаза“, коментира Луис. „Уверени сме дека можеме да го надополниме тоа силно претставување и следната година“, додава извршниот директор.

Добрите податоци од извештајот на Tesco даваат поддршка на Луис во позадина на отпорот против предложеното од него купување на „Booker“ во рамките на договорот вреден 3,7 милијарди фунти. Овој отпор се прошири од бордот на директори до акционерите.

Резултатите покажуваат дека пазарниот лидер е добро позициониран за да се бори со безмилосната конкуренција кај супермаркетите во Велика Британија. Растот кај „Aldi“ и „Lidl“ повторно се забрза, бидејќи намалената куповна моќ на Британците ги тера да бараат поевтини алтернативи.

„Tesco“ веќе успеа да спаси 226 милиони фунти од планот за намалување на трошоците во вкупна вредност од 1,5 милијарди фунти, што покажува дека целта за двоцифрени маргини на профитот е реална.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП