27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот хибриден Bristol GT

Новиот хибриден Bristol GT

z6364699Q,Namir-Concept--Wspolne-dzielo-firm-Italdesign-Giugiaro

На почетокот на годината процури веста дека славниот британски бренд „Bristol“ е купен од „Kamkorp Autokraft“ и дека ќе претстават нов хибриден суперавтомобил кој најверојатно ќе биде прикажан оваа година. Конечно дојде време да се запознаеме со поединечните детали на новиот автомобил.

„Bristol GT“ ќе го позајми погонот од концептот „Giugiaro Namir“ од 2009-та година и ќе биде со големина на „Bentley Continental“. Ова возило ќе поседува четири електромотори, Ли-полимерни батерии и централно позициониран ротационен мотор со зафатнина од 814 ccm кој ќе служи како поддржувач на автономијата. Вкупната снага со која ќе располага овој автомобил ќе достигне 370 ks.

Се очекува ова возило да оствари максимална брзина од 322km/h, а во исто време ќе остварува просечна потрошувачка од само 2.5 литри. Британскиот суперавтомобил ќе поседува и дигитален диференцијал кој ќе биде задолжен за оддржување на тракцијата на највиско можно ниво, а во истовремено ќе и овозможува на шасијата стабилност и векторирање на снагата.

Од компанијата најавија дека планираат производство на неколку стотина примероци годишно со цена на секој примерок од околу 230.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП