13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилијарда долари од Русија за Белорусија

Милијарда долари од Русија за Белорусија

Русија го разгледува одобрувањето на меѓународен државен заем за Белорусија во износ од милијарда долари, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

„Претседателите на двете земји имаа состанок посветен на прашањата за финансиската соработка и кредитирањето. Во моментов го разгледуваме тоа прашање (давање на кредит на Белорусија)“, изјави Силуанов пред новинарите, јавува агенцијата Тасс.

Тој прецизираше дека станува збор за „меѓудржавен кредит за поддршка на буџетот и платниот биланс на Белорусија во износ од милијарда долари“.

Агенцијата Ројтерс потсетува дека потпретседателот на Владата на Белорусија, Владмир Семашко, изјави во неделата дека Москва и ветила позајмица на Белорусија во износ од повеќе од милијарда долари по неодамнешните разговори на лидерите на двете земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП