ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар ја очекува првата транша од меѓународната помош кон средината на мај

Кипар ја очекува првата транша од меѓународната помош кон средината на мај

kipar

Кипар се надева дека првата транша од меѓународната финансиска помош ќе ја добие кон средината на мај, откако Европската комисија даде зелено светло за исплата на првата финасиска инјекција од договорената пакет-помош меѓу Никозија и „тројката“ кредитори.

По Еврокомисијата, која оцени дека Кипар ги исполни сите предуслови за исплата на првата транша од помошта, се очекува во текот на следната недела ваква одлука да донесе и Меѓународниот мионетарен фонд (ММФ).

Доколку се оствари ваквото сценарио, тогаш кон средината на мај Никозија ќе ја добие првата транша од помошта во висина од 87 милиони евра.

Во исто време, од Москва пристигнуваат информации дека Русија ќе ја намали каматата на кредитот што му го исплати на Кипар во декември 2011 година од сегашните 4,5 на 2,5 проценти и дека ќе го продолжи рокот за негово враќање до 2018 година. Станува збор за кредит во износ од 10 милиарди евра.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП