4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП ја објави Листата на должници бр.4/2017

УЈП ја објави Листата на должници бр.4/2017

Управата за јавни приходи ја објави Листа на должници бр.4/2017 за долгови доспеани до 31.12.2016 и неплатени до 31.03.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Листата на должници е за вкупниот износ на долгот:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, треба да се обрати до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РМ-Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

Комплетната листа на должници можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП