18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанците и должат на државата половина од нејзиниот БДП

Италијанците и должат на државата половина од нејзиниот БДП

Италијанците имаат долг кон државата во износ од 817 милијарди евра, пишува францускиот весник „Фигаро“, повикувајќи се на објавените податоци на италијанската агенција за приходи „Екуиталија“.

Горенаведената сума се должи од вкупно 21 милиони Италијанци, кои пропуштиле да се раздолжат со државата од 2000-та година, па се досега. Од нив повеќе од половина имаат скромен долг кон властите во износ од околу 1.000 евра, а 800.000 должат по над 100.000 евра, појасни директорот на „Екуиталија“, Ернесто Марија Руфини.

Колосалниот долг на Италијанците кон државата е еднаков на половина од годишниот БДП на Италија. Износот не е само од неплатените даноци. Тој е акумулиран исто и од неплатениот ДДВ, неплатените придонеси за социјално осигурување и неплатените казни.

Од овие 817 милијарди евра, 143 милијарди ги должат луѓе кои веќе прогласиле банкрот, 95 милијарди од луѓе кои не можат да си дозволат да ги платат износите, 85 милијарди од луѓе кои веќе се починати или од претпријатија кои веќе се затворени и 30,4 милијарди од луѓе за кои судот веќе се произнел дека исплатата треба да се прекине.

Од останатите 459 милијарди евра, „Екуиталија“ се обидела, безуспешно досега, да врати 348 милијарди евра, додека 32,7 милијарди евра се најдоа „заштитени“ со специјални норми со кои се забранува пример конфискацијата на единствен станбен имот. Така де факто агенцијата може да добие од 817-те милијарди евра едвај 51 милијарди евра, вели нејзиниот директор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП