19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen го подготвува својот четврти I.D. модел

Volkswagen го подготвува својот четврти I.D. модел

„Volkswagen“ ќе го открие својат четврт концепт од серијата „I.D“ за време на автомобилскиот саем во Франкфурт во септември. Според изданието „Autocar“, возилото ќе претставува електричен седан.

Германскиот производител го покажа првиот таков концепт модел минатата година. Тоа беше „Golf“ хечбек, кон кој во јануари оваа година се приклучи и „I.D Buzz“. Третиот атомобил од концептуалната серија ќе биде „SUV“, чија премиера ќе се одржи на саемот во Шангај подоцна во овој месец.

Ако првите два модела од „I.D“ концептуалната серија успеат да се наметнат на пазарот, идниот седан ќе добие црти од нив. Истовремено, тој ќе нуди и новини, кои не се присутни кај ниту еден актуелен седан на „Volkswagen“. Новиот електричен „I.D“ концепт на Германците ќе се одликува со целосно „LED“-светла, вештачка предна решетка, осветлен амблем, како и голема и пространа кабина.

Во оваа фаза од компанијата не ги откриваат техничките карактеристики на моделот, па се очекуваат повеќе детали да има во наредните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП