21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank го зголеми капиталот со 8 милијарди евра

Deutsche Bank го зголеми капиталот со 8 милијарди евра

„Deutsche Bank“ ја постигна својата цел да собере 8 милијарди евра од продажбата на нови акции. Банката издаде 687,5 милиони акции во вредност од 11,65 евра за готово, а купувањето на целиот обем беше гарантирано од повеќе банки.

На овој начин банката го поддржи соодносот на капиталот и соодносот меѓу сопствените и позајмуваните средства кои се два важни финансиски индикаторот за „здравјето“ на секоја банка.

Активностите кои извршниот директор Џон Крајан ги презеде, се резултат на процесот на преструктуирање на германската банка поради слабите профити, ниските камати и каматите кои и беа наметнати поради нејзини претходни престапи. За да се справат со тешкотиите, менаџерите на банката го намалија бројот на вработени, се откажаа од ризични инвестиции, ги намалија трошоците и затворија филијали во некои земји.

За сега инвеститорите се оптимисти кон банката и купиле 98,9% од акциите, но пред институцијата се уште има тешкотии поврзани со враќањето на довербата на клиентите.

За изминатите седум години „Deutsche Bank“ им обрт на вкупно 29,7 милијарди евра, а тоа е речиси колку сегашната нејзината пазарна капитализација – 32,3 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП