2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПрвиот смартфон со 4 камери, процесор со 10-jадра и 4K снимки (видео)

Првиот смартфон со 4 камери, процесор со 10-jадра и 4K снимки (видео)

Откако го претстави моделот „А5“, на ред дојде и „Alcatel Flash“ – сериозен модел кој ги содржи некои од најинтересните опции моментално достапни во мобилната индустрија. Станува збор за смартфон со дури 4 камери (две на предната и две на задната страна), а тука е и новиот „MediaTek Helio X20“ процесор со 10 јадра.

„Helio X20“ е прилично штедлив процесор, кога станува збор за батеријата, па телефоните од средна класа би требало да ги направи чекор поблиску до високата класа по разумна цена. Конвенционалниот „big.LITTLE“ дизајн има две групи на процесори, додека „Helio X20“ дизајн има три, со цел подобро да одговори на софтверските барања. Првата група содржи четиријадрен „Cortex-A53“ процесор со брзина од 1.4 GHz, средната има ист четиријадрен процесор со брзина од 2 GHz, додека последната група има процесор „Cortex-A72“ со две јадра и брзина од 2.5 GHz.

Процесорот „Helio X20“ поддржува 64-битна технологија и додполнителна компонента на чипсет кој управуваа со овие 10 јадра и „Mali-T800“ графички чип – „CorePilot 3.0“ кој може да заштеди 39 проценти од батеријата при гледање на „HD“ видео снимки на „YouTube“ и дури 41 oтсто при „Skype“ повици. Поголемите оптеретувања ја намалуваат заштедата, на пример при играње на „Temple Run“ видео играта може да ја намали заштедата на енергија за 17 посто, додека при отворање на интернет стани батеријата може да се намали до само 5 проценти.

„Alcatel“ на новиот модел „Flash“ вгради 3 GB RAM меморија, 32 GB интерна меморија и „microSD“ слот за дополнителна меморија. Уредот има екран со „Full HD“ резолуција (1080 x 1920 пиксели), дијагонала од 5,5 инчи, поддршка за „Dual SIM“, „Dual WLAN“, „Bluetooth“, „3G“, „4G“ мрежи, како и скенер за отпечаток на прстот кој регистрира до пет прсти.

Камерата на предната страна е идеална за „селфи“, а ја сочинуваат две камери, од 5 и 8 MP кои овозможуваат опции како „Portret Mode“, „Alcatel Super Selfie Mode“ и „Super Fine Mode“. Двете камери поддржуваат „RAW“ формат и имаат широкоаголен објектив. Задната камера има „f/2.0“ ознака и ја сочинуваат два сензори со потпис на јапонската компанијата „Sony“ (IMX258). Задната камера има резолуција од 13 MP. Едната камера е монхроматска, а другата во боја, што дава слика со поголема острина, со повеќе детали и подобар контраст. Тука е и „PDAF“ хибридниот авто-фокус, „LED“ близ, како и вообичаените режими за фотографирање: панорама, макро начинот за работа, ефект за професионален изглед на фотографиите, „HDR“ и други.

„Alcatel Flash“ доаѓа со „Android Marshmallow“ оперативниот систем (а ќе добие и „Nougat“), како и батерија со капацитет од 3100 mAh. Телефонот моментално се продава само во некои едлови од Азија, но многу брзо ќе може да се очекува и на европскиот пазар. Цената се уште не е позната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП