27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ја распродаде серијата М3

BMW ја распродаде серијата М3

m3

„BMW“ објави дека актуелната генерација на моделот M3 повеќе не е достапна на пазарот. Купувачите на овој спортски автомобил ќе мораат да ја почекаат премиерата на неговата нова верзија која е во подготовка.

Шефот на одделението М, Фидрих Нишке соопштил дека моделот M3 е распродаден и дека во моментов неможе да се порача.

„Ќе продолжиме да прозиведуваме M3 купе и кабриолет во наредните шест месеци, но сите тие возила се однапред продадени“, објаснува Нишке.

По само 18 месеци од појавувањето на пазарот на новата Серија 3, „BMW“ се уште ја нема претставено новата генерација на моделот M3. Од германската компанија соопштија дека седан верзијата ќе ја задржи ознаката M3, додека идните купе и кабриолет ќе бидат преименувани во М4.

Што се однесува до моторот кој ќе го придвижува новиот М3, Нишке изјави дека тие по конструкција ќе бидат блиски со постоечките погонски единици на компанијата, но дека ќе бидат оптимизирани во склад со специфичните потреби и барања на купувачите на М автомобилите.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП