16 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИВелигденски свет без граници во Skopje City Mall

Велигденски свет без граници во Skopje City Mall

Во пресрет на Велигденските празници, нашиот најголем трговски центар, Skopje City Mall повторно ќе не зближи и ќе не изненади со богата и разновидна програма за сите генерации.

Почнувајќи од утре па сѐ до 17ти април, на приземјето во Skopje City Mall ќе биде поставена домашна фарма со вистински животни (зајаци, кокошки, пилиња и желки), на која фармерот Војо ќе ги едуцира и анимира посетителите. Фармата ќе биде отворена секој ден од 10 до 22 часот.

Од Skopje City Mall за прв пат најавуваат и уникатна изложба на велигденски јајца, на која ќе бидат презентирани уметнички и рачни изработки од 7те држави кои учествуваат на настанот. Преку работилници за обичаите и техниките на бојадисување јајца и Велигденската трпеза, посетителите ќе се запознаат со културата на овие држави. Со своја работилница први ќе се претстават Русија во сабота од 14 часот, Унгарија од 18 часот и САД во недела од 12 часот. Тие ќе ги презентираат своите велигденски обичаи, ќе објаснат како го празнуваат овој празник и што е карактеристично за нив.

“Ги бришеме границите и ја доближуваме велигденската традиција на земјите низ светот со цел да се обединиме во навидум различните, а сепак слични детали во празнување на овој заеднички празник. Тоа ќе го постигнеме преку најразлични активности: изложба на јајца, работилници за обичаите и техниките на бојадисување, карактеристични велигденски трпези и креативни работилници за деца. Покрај уживањето во програмата што ја нудиме, сите посетители ќе можат да ги искористат и велигденските попусти кои ги најавија нашите закупци.” – изјави Дарко Панчевски од Skopje City Mall.

Настанот ќе започне утре и ќе трае до 17ти април, а Амбасадите на Русија, САД, Украина, Унгарија, Шведска и Словенија заедно со нивните здруженија на сонародници и дијаспора помогнаа овој настан да биде автентичен и се погрижија презентациите да бидат изворни. Детските креативни работилници ќе се одржуваат за викендите, од 12-14h и од 18-20h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП