6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕЗИМИТ отвори компанија во Германија -"Еzimit wine depo gmbh "

ЕЗИМИТ отвори компанија во Германија -“Еzimit wine depo gmbh “

Под брендот Езимит, се отвори првата македонска компанија во светот на винскиот бизнис во Германија. Во земјата која е најголем конзумент на вино во Европа, Езимит ја отвори компанијата под име “Еzimit wine depo gmbh”. 

Целта на Езимит со отворање на компанија во Германија, е на вината под брендот Езимит но и на вината на сите македонски винопроизводители да им овозможи комплетна логистичка поддршка и винско депо за полесно освојување на германскиот пазар.

Компанијата со визионерски настап ја освои највисоката кота во предизвикот на една македонска компанија да создаде директен пат за пласирање на македонските вина на германскиот пазар. Со ова, Езимит ги зајакнува сопствените капацитети и ги подобрува условите за македонските винопроизводители за сериозен, плански и континуиран настап на германскиот пазар.

Компанијата “Еzimit wine depo gmbh” е прва македонска компанија во светот на винскиот бизнис во Германија, а трета компанија која Езимит ја отвора со визија за стратешко освојување на европскиот вински пазар. По успехот на Езимит Хрватска, минатата година беше основана компанијата Езимит Словачка каде е во тек завршување на градежните работи, а првата берба се очекува веќе во септември. Позитивните искуства и темелната анализа на потенцијалите на македонските винопороизводители и можностите на европскиот вински пазар, покажа дека има простор за посериозен настап преку конкретни активности кои воедно бараат и поголеми инвестиции.

По четврт век успешен развој и дисперзираност во неколку сфери на делување, корпорацијата Езимит за главна сфера на своето делување го избира винскиот бизнис, врз основа на своите кадровски, технички и технолошки потенцијали. Со преструктуирање на капиталот во рамките на групацијата, Езимит ја зајакнува сферата која според корпорациската стратегија на развој станува  главен фокус на делување. Извозната стратегија и винскиот бизнис се стратешки востановен курс на делување на Езимит, со цел да се нуди на странскиот пазар најдоброто што може да се произведе во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП