27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрупацијата Триглав работеше успешно, предложен износ на дивиденда од 2,5 евра

Групацијата Триглав работеше успешно, предложен износ на дивиденда од 2,5 евра

Триглав Осигурување Скопје, водечка осигурителна компанија во 2016-та година, со фокус на иновативни премиум услуги

Работењето на Групацијата Триглав во 2016-та година беше успешно и во согласност со стратешките насоки, кои што се базираат на профитабилност и безбедност во работењето, како и на зачувување на финансиската стабилност. На седницата одржана на 04/04/2017 година, Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав го потврди ревидираниот годишен извештај за Групацијата Триглав и за матичната компанија за 2016-та година. Управата и Надзорниот одбор ќе достават на одобрување предлог до Собранието на акционери, дел од акумулираната добивка, во висина од 56.837.870,00 евра, да се исплати во форма на дивиденда, што претставува 69% од консолидираната нето добивка на групацијата Триглав, реализирана во 2016-та година. Се предложува дивиденда од 2,5 евра бруто по акција. Известувањето за повикот за одржување на Собрание на акционери на Заваровалница Триглав ќе биде објавено на 21.04.2017 година. Триглав Осигурување Скопје, кој што е дел од Групацијата Триглав, ја заврши 2016-та година со раст во осигурителната премија и со подобрување на комбинираниот количник, како показател на успешното работење во основната дејност.

Добивката на Групацијата повисока од планираната. Групацијата оствари бруто деловна добивка во висина од 95 милиони евра (планираната беше помеѓу 80 и 90 милиони евра), што се должи превенствено на успешното работење во доменот на осигурување. Од друга страна, на работењето негативно влијание имаа сеуште неповолните услови на финансиските пазари, на кои што се должи падот во приносите од финансиските вложувања во висина од 27%, доколку не се земе во предвид портфолиото кое што предвидува носител на инвестициониот ризик да биде осигуреникот (unit-linked производи).

Успешно работење во осигурителната дејност. Веќе втора година по ред се забележува пораст во премиите. Групацијата обезбеди 936 милиони евра консолидирана бруто премија од осигурување и соосигурување, наспроти планираните околу 900 милиони евра. Во сите шест земји, во кои што работи Групацијата, постигнат е пораст во премија. Во Словенија порастот изнесува 2%, додека пак на пазарите надвор од Словенија, каде Групацијата обезбеди 17,3% од консолидираната премија, просечниот пораст на премијата изнесуваше 2%, односно 9%, доколку при споредувањето се земе во предвид продажбата на чешката осигурителна компанија во 2015-та година. Фактурираните бруто штети на Групацијата, како и бруто оперативните трошоци во осигурителната дејност беа 2% повисоки од претходната година, и тоа првенствено поради поради повисоките трошоци за аквизиција на осигурување. Доброто работење во доменот на неживотно и здравствено осигурување во 2016-та година е очигледно од комбинираниот коефициент на Групацијата Триглав во висина од 92,9% (планираната вредност изнесува околку 95%). Овој индикатор ја мери успешноста во осигурителната дејност, без приносите од вложувањата, а неговата вредност под 100 значи позитивно работење.

Подобрување на кредитните рејтинзи, цврста финансиска стабилност и водечка позиција во регионот Адриа. Признатите рејтинг агенции S&P Global Ratings и А.М. Best го подигнаа и онака високиот кредитен рејтинг на Групацијата Триглав од »A-« на »A«. Рејтинзите имаат стабилна среднорочна прогноза. Групцијата Триглав, како водечка осигурителна и финансиска групација во Словенија, го покачи својот пазарен удел за 0,2 процентни поени, достигнувајќи 36,2%. Својата позиција ја подобри на пазарите во Србија и во Хрватска, додека во Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора нејзиниот удел на пазарот падна за помалку од 1%, но и покрај тоа, на овие пазари Групацијата убедливо  ја задржа својата водечка позиција.

Со нова стратегија во 2017-та година. Групацијата Триглав следниот четиригодишен период го започна во насока на градење на модерна, иновативна и динамична финансиско-осигурителна групација, која што цврсто стои на водечката позиција во Словенија и во поширокиот регион. Новата стратегија главниот акцент го поставува на работење прилагодено на клиентите и насочено кон дигитализација, повеќеканален пристап и асистентски услуги. Осигурувањето и управувањето со средства остануваат двата столба на Групацијата Триглав, со тоа што вториот столб ќе биде дополнително зајакнат. Групацијата останува присутна на постојните пазари во регионот, во кој што и понатаму има намера да работи одговорно и активно.

Претседателот на управа на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави: »Задоволни сме со работењето во 2016-та година, а резултатите се дури и повисоки од планираните. Во 2017-та година влегуваме во нов четиригодишен период. Управата и Надзорниот одбор на овогодинешното Собрание на акционери заеднички ќе предложат распределба на акумулираната добивка на Групацијата и исплата на дивиденда за 2016-та година, во согласност со политиката за дивиденди на матичното друштво. За таа цел се зема во предвид постоечката и очекуваната адекватност на капиталот на Групацијата, како и користењето на капиталот и изворите на капитал според сопствената процена на ризик. Во случај да се одобри дивиденда со предложениот износ, акцијата на Заваровалница Триглав ќе остане една од акциите со највисок принос на дивиденда во Словенија и глобално, во осигурителниот сектор.

Групацијата Триглав на пазарот во Македонија

Одличните резултати на Триглав Осигурување Скопје во 2016-та година се показател на финансиската стабилност на компанијата. Континуитетот во успешно работење е резултат на квалитетот на услугите кои што компанијата ги нуди, како и експертизата во работењето, за што е повторно доказ водечкиот удел на пазарот на неживотно осигурување на крајот на годината од 17,9%. Во 2016-та година Триглав обезбеди 2,4% повисока бруто полисирана премија, споредено со 2015-та година, поточно 21,6 милиони Евра. Според г. Ѓорѓе Војновиќ, главниот извршен директор на компанијата, најдобар показател за работењето во основната, осигурителна дејност е сепак комбинираниот коефициент, кој што треба да има вредност под 100%. Триглав, на крај на 2016-та година оствари комбиниран коефициент од 99,1%, откако компанијата успеа да го намали за 2,6 процентни поени, во споредба со претходната година.

Ни причинува особено задоволство што имаме диверсифициран пораст на премија, која што ја прикажуваат скоро сите продажни места на Триглав во земјата. Најголем раст реализиравме во доброволното здравствено осигурување, што е особено важно, имајќи во предвид дека станува збор за стратешки важен производ. Да се биде лидер на пазарот е предизвик, бидејќи очекувањата од клиентите и јавноста се високи, но и одговорност, бидејќи треба да придонесеме кон развојот на осигурителната индустрија во земјата. Инвестираме во нови, иновативни производи, така во 2016-та година воведовме две нови услуги, автомобилска и домашна асистенција, како додадени вредности на постоечките производи. Покажуваме одлични резултати, па така и оваа година добивме признанија за најдобар квалитет на услуги, како и најдобра понудена вредност за парите. Постигнатите резултати, како и задоволството на клиентите се резултат на успешното спроведување на одличната деловна стратегија и на победничкиот пристап во справување со предизвиците”, дополни во оваа прилика г. Војновиќ.

Дигитален годишен извештај и публикација за инвеститорите.  Годишниот извештај на Групацијата Триглав и на Заваровалница Триглав за 2016-та година  е достапен во ПДФ формат на веб страната triglav.eu. Извештајот под наслов “Наши цели. Наша страст.” е објавен на самостојна веб страна http://letnoporocilo.triglav.eu/2016/ и http://annualreport.triglav.eu/2016/. Овој пат, покрај годишниот извештај, објавена е и публикација за инвеститори, која што нуди дополнителни информации за важни области од работењето, како што се новата стратегија за периодот 2017-2020, пазарната позиција и можности за развој на Групацијата Триглав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП