2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзготвена брошурата „Граѓански буџет на општина Центар“ – граѓаните ќе знаат на...

Изготвена брошурата „Граѓански буџет на општина Центар“ – граѓаните ќе знаат на што се трошат парите

Општина Центар ја изготви брошурата „Граѓански буџет на општина Центар“, со кој граѓаните ќе имаат увид за што се трошат нивните пари.

„Центар е првата општина што го објавува својот буџет адаптиран за секој граѓанин. Целта на ова издание е на најтранспарентен начин на граѓаните да им се овозможи пристап до финансиските податоци на општината“, велат од Општина Центар.

Центарот на заедницата на општина Центар, заедно со Општина Центар, ја изготвија оваа брошура со цел на своите граѓани да им ги обезбедат финансиските информации за работењето на општината за 2017 година во сите области.

Општина Центар за 2017 година предвиде приходи во износ 1.795.440.000 денари.

Расходите се еднакви со приходите.

Во буџетот за 2017 година предвидени се средства за реконструкција и изградба на инфраструктура, поставување на нова лед технологија за осветлување, поставување на енергетски ефикасни фасади на зградите во општината, доградба на училници во ООУ “Гоце Делчев”, продолжување на изградбата на најсовременото основно училиште во Капиштец, субвенции за велосипеди “Цел Центар на точак”.

Покрај тоа, од буџетот се предвидени средства за реконструкција на детски градинки, промена на фасадната столарија и термо изолација на две основни училишта.

Општина Центар, со кофинансирање од Фондацијата Отворено Општество Македонија, оваа година ќе ја обнови фасадната столарија во детската градинка “Раде Јовчевски – Корчагин”, во објектот “Пинокио” и поставува лифт за храна во детската градинка “Кочо Рацин”, во објектот “Наум Наумовски – Борче”.

Овие два проекти се во вкупен износ од 2.200.000 денари, а беа избрани како приоритетни за 2017 година од страна на граѓаните на Граѓанскиот Форум на општина Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП