6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКралот на гитарата го "фрли" Загреб на колена

Кралот на гитарата го “фрли” Загреб на колена

Врвна гитарска претстава за стари и млади во Загребската „Tворница на културата“ го потврдува и натаму статусот на Влатко Стефановски како -крал на гитарата.

Силни зборови ја опишуваат голема фасцинација кон настапот на Влатко Стефановски и музичарите кои настапуваат со него, басистот Џоле Максимовски и тапанарот Дино Милосављевиќ, во рецензијата на хрватскиот музички портал Музик бокс( Music box), објавена по концерот.

Концертот се одржа во саботата , во преполната сала на Загребската „Творница“.

Со наслов „Кралот се врати“, и „по којзне кој пат докажа дека е еден од најдобрите гитарски виртуози на светот, ја почнува рецензијата музичкиот критичар Никола Кнежевиќ.

Натаму наведува дека, ретко кому му пошло од рака. да го задржи вниманието на публиката од првата до последната минута. Постарите емотивно врзани за тоновите од репертоарот од „Леб и сол“, а и помладата генерација уживала во новиот музички материјал на Стефановски. Особено се пофалени солистичките колеги на Стефановски, басистот Џоле Максимовски и тапанарот Дино Милосављевиќ.

Увертира во концеротот била темата „Џипси сонг“ а останатите, како што пишува во освртот, се ределе како идеален мозаик во една совршена музичка претстава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП