Први официјални фотографии на обновениот „Peugeot 308“ се појавија во интернет-просторот. Тие беа објавени на сајтот „forum-peugeot.com“. Датумот на претставување на автомобилот не беше објавен, но е познато дека продажбата во Франција ќе стартуваат во јуни.
Судејќи според фотографиите, најсериозни промени претрпе предниот дел на возилото. Нови се оптиката, решетката на ладилникот и браникот. Во задниот дел се гледаат различни светла, но нискиот квалитет на сликите не дозволува да се разгледаат сите детали.
Инструментите во кабината остане аналогни, што значи дека хечбекот нема да го добие новиот интерфејс „i-Cockpit“ од втората генерација, кој се нуди кај кросоверот „3008“. Засега нема официјални податоци за палетата мотори, но се знае дека во неа ќе влезе новиот 1,5-литарски турбодизел „BlueHDI“ во две варијанти – со 100 и со 120 КС.
Втората генерација на „Peugeot 308“ дебитираше во 2013-та година, со што стана „Автомобил на годината во Европа“.