2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple зa iPhone 8 нарача 70 милиони заоблени OLED панели од Samsung

Apple зa iPhone 8 нарача 70 милиони заоблени OLED панели од Samsung

„Apple“ веќе подолго време сака да ги користи „OLED“ панелите кои ги изработува „Samsung“ за најмалку еден од „iPhone“ телефоните, и такви модели ќе пристигнат оваа година, што го потврди и најновиот извештај.

Како што пренесува „Nikkei“, „Apple“ има нарачано 70 милиони заоблени „OLED“ панели од „Samsung“, кој ќе биде единствениот добавувач за тој дел на телефонот во оваа година.

Тие ќе се користат за новиот „iPhone 8“ кој треба да биде претставен во текот на есента заедно со „iPhone 7s“ и „7s Plus“. Зa разлика од тој еден модел, преостанатите „iPhone“ телефони кои ќе пристигнат оваа година и натаму ќе користат „LCD“ панели. Од друга страна, според гласините „iPhone 8“ би требало да користи 5,2-инчен „OLED“ панел, а некои гласини говорат дека би можел да биде поскап и од 1000 долари.

Некои аналитичари предвидуваат дека „Apple“ ќе продаде 55 милиони примероци од овој телефон, а неговиот успех би требало да го доведе до рекордна година за „Apple“. „Samsung“ најверојатно се подготвува да произведе дури 95 милиони од овие „OLED“ панели за „Apple“ доколку побарувачката ги надмине очекувањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП