27 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla со рекордни продажби во првиот квартал

Tesla со рекордни продажби во првиот квартал

Производителот на луксузни електрични возила – „Tesla“ – запиша рекордни испораки и производствен обем во првиот квартал од годината, со што ги негираше прогнозите на аналитичарите. Ова се случува месеци пред компанијата да почне со производството на наводниот хит модел – „Model 3“.

За првите три месеци од годината „Tesla“ има доставено малку над 25.000 возила, што е и најдобриот резултат во историјата на компанијата.

Неодамна три независни аналитички куќи прогнозираа резултат од 24.200 автомобили за истиот период, а подобрувањето би требало да ја стимулира увереноста на „Tesla“ дека може да го исполни ветувањето и да продаде 50.000 автомобили во првата половина од годината.

„Во моментов во „Tesla“ се концентрирани сите напори во подигнувањето на производството на „Model 3“, но и покрај тоа, изненадувачки добрите резултати се одлична вест за нив“, коментира Бен Кало од аналитичката куќа „Robert W. Baird & Co.“. „25.000 продадени автомобили е повеќе отколку што очекувавме, а луѓето го очекуваат „Model 3“ за остварување на дополнителен раст“.

Ова е првиот финансиски извештај во клучна година за „Tesla“, во која главниот извршен директор Илон Муск воведува јасна диференцијација во моделната гама. Компанијата го додава „Model 3“, како прв сериски автомобил со пониска цена, додека постоечките модели ќе станат луксузни и дури и поскапи.

Благодарение на инвеститорите, акциите на „Tesla“ скокнаа за 30% во оваа година, што во голема мера се должи на големите очекувања, со кои е оптоварен „Model 3“, како и на веста дека кинескиот интернет гигант „Tencent Holdings“ има купено 5% удел во „Tesla“. Кинеската корпорација се проценува на 45.4 милијарди долари, што е за дури 870 милиони долари помалку од пазарната оценка на американскиот автомобилски концерн „Ford Motor. Co.“, кој произведува милиони автомобили годишно.

Најмладиот американски производител на автомобили кој се тргува на берзата, произведува автомобили во Фримонт, Калифорнија, но допрва треба да докаже дека може да произведе големи количини од нив.

Целите на Муск се „Tesla“ да произведе половина милион возила во следната година, што е прилично храбра претпоставка, во зависност многу од производството на батерии во т.н. „гигафабрика“ на „Tesla“ во Невада, Тексас.

Од „Tesla“ прецизираат дека доставиле 13.450 примероци од „Model S“ и 11.550 примероци од кросоверот „Model X“, додека вистинското производство во првите три месеци достигна точно 25.418 возила.

Во моментов компанијата ги прилагодува производните линии, како и ценовната структура, пред излегувањето на „Model 3“ на пазарот во јули. Се очекува новиот модел да чини од 35.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП