27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТиквеш АД Скопје оствари повеќе од дуплирана добивка во споредба со 2015...

Тиквеш АД Скопје оствари повеќе од дуплирана добивка во споредба со 2015 година

Во 2016 година во работењето на Винарската визба Тиквеш АД Скопје не се имплементирани промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи.

Вкупните приходи забележаа раст од 8%, односно зголемување за 110,2 мил. денари. Растот се должи на зголемените приходи генерирани од домашниот пазар (за 12%) и од странските пазари (за 5%).

Бруто добивката забележа раст од 23%, односно зголемување за 115,3 мил. денари. Зголемената бруто добивка и намалените оперативни расходи за 9% резултираа со оперативна добивка од 145,4 мил. денари, односно зголемување за 35% во споредба со 2015 година.

Финансиските расходи се намалени за 8,9 мил. денари. Нето добивката од редовното работење пред оданочување е повеќе од дуплирана во споредба со 2015 година односно е на износ од 83,9 мил. денари.

За работењето во 2016 година не беа исплатени дивиденди. Во 2016 година се остварија вложувања во материјални средства од 37 мил. денари.

Значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средствата споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) не беше реализиран.

Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) не беа остварени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП