27 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПроменете го животот на подобро: Преквалификувајте се!

Променете го животот на подобро: Преквалификувајте се!

prekvalifikuvajte1

Иако некои мислат дека преквалификацијата е „пораз“, правата  вистина е дека во прашање е нешто што може да ви го промени животот- на подобро.

Денес, кога потресите на пазарите на трудот покажуваат дека на некои професии им „поминало времето“, а дека се појавуваат нови, за кои не се слушнало во училиште, запишувањето на курс-преквалификација-е можност да го одржите чекорот со промените кои се случуваат и да работите на сопствената конкурентност.

Треба да се знае дека преквалификацијата не претставува само професионална туку и лична промена, односно, може да ве однесе во сосема друг правец во животот.

Луѓе на преквалификации се одлучуваат поради тоа што не можат да најдат работа во својата професија, поминало премногу време од кога не се занимавале со својата професија, го надоградуваат знаењето бидејќи нивната професија се менува и бара усвојување на нови знаења и вештини или се поттикнати конечно да почнат да ја работат работата која секогаш сакале да ја работат.

За полесно да дојдете до решение за да можете да се преквалификувате, размислете околу тоа, која професија би ви донела најмногу радост.

Можеби веќе имате хоби кое би сакале да го претворите во работа или да ги направите додатен извор на приход.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП