23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИФлексибилниот телефон на Samsung ќе пристигне и пред Galaxy Note 8

Флексибилниот телефон на Samsung ќе пристигне и пред Galaxy Note 8

Иако моментално целото внимание е насочено кон „Galaxy S8“, кој кон крајот на месецот ќе пристигне во продажба, „Samsung“ паралелно подготвува и низа нови уреди за втората половина од годината.

Според најновите гласини во текот на летото би можеле да го видиме револуционерниот фелксибилен телефон. Познат под името „Galaxy X“, уредот би може да пристигне во третиот квартал, пред „Note 8“, пренесува „Trusted Reviews“.

Флексибилниот телефон се потпира на проект кој „Samsung“ го развива веќе неколку години. Кога ќе биде преклопен телефонот би изгледал како повеќето нормални смартфони, но кога ќе се расклопи, тој ќе изгледа како таблет. Нормално, како и сите гласини и оваа би требало да се земе со голема доза на резерва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП