Малопродажните цени на бензините остануваат исти, додека дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтини 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 65 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 67 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 50,50 денари за литар, додека на Екстра лесното масло за домаќинствата 39 денари.
Поевтинува и мазутот, така што од ноќеска по полноќ ќе се продава по цена од 25,636 денари за килограм.