27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУште еден успешен Mask’n’Mall со многу забава и награди

Уште еден успешен Mask’n’Mall со многу забава и награди

Денот на шегата во Skopje City Mall беше одбележан со многу забава, активности и избор за најубава маска. Во нашиот најголем трговски центар беше поставено катче каде што сите маскирани имаа можност да се фотографираат и да учествуваат во фото-натпреварот.

Фановите гласаа со лајкување на фотографиите на Facebook фан страната на Skopje City Mall, а првите три најлајкувани добија награди.

На победникот од фотографијата со најмногу лајкови (над 2.300) – Skopje City Mall му додели вредносен ваучер од 18.000 од Sport Vision.

За второ место (1.900 лајкови) ваучер од 9.000,00 денари од Теа Колорс.

За третото место (над 1.600 лајкови) вредносен ваучер од 6.000 денари од Теа Колорс.

Над 5.000 посетители ги продефилираа со своите маски за време на Mask’n’Mall, а на фото конкурсот учествуваа над 400 маски. За најмладите беше организирано и Kids Disco, каде што дечињата во своите креативни костуми се забавуваа под диско топка заедно со омилените јунаци од цртаните филмови.

Сите фотографии од фото натпреварот можете да ги погледнете на нивната официјална фејсбук страна: Facebook.com/skopjecitymall.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП