21 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСледната година Hyundai ќе пушти водороден SUV

Следната година Hyundai ќе пушти водороден SUV

„Hyundai“ работи на нов SUV со водородни горивни ќелии, соопштува „Bloomberg“. Ако идната година моделот стане реалност, тој најверојатно ќе може да мине растојание од 800 километри со едно полнење.

Според официјалното соопштение јужнокорејскиот производител ќе го претстави моделот како дел од Зимските олимписки игри во Пјонгчан закажани за почетокот на 2018-та. Шефот на технолошкиот оддел на брендот Ким Сае-Хон призна дека „Hyundai“ во моментов заостанува во трката за развој на масовни автомобили со горивни ќелии, но тоа ќе се промени.

„Ние сакаме да ги развиеме промените во денешно време во однос на технологијата. Кога има реструктуирање на индустријата и појава на нови технологии, тоа значи нова можност за нас“, заклучи шефот на технолошкиот оддел.

„Hyundai“ потврди дека го стартуваше процесот на развивање на погонски системи со горивни ќелии кои ќе се слични по големина со моторот со внатрешно согорување. Се уште не е јасно дали само планираниот „SUV“ модел ќе биде со таков систем, но според производителот оваа технологија може да се користи и во бројни други модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП