2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТоп 50 работи кои луѓето сакаат да ги направат пред смртта

Топ 50 работи кои луѓето сакаат да ги направат пред смртта

slikatop

Една компанија спровела истражување на 2.000 возрасни лица, со цел да се добие увид во најчестите желби на луѓето кои сакаат да ги остварат пред смртта. Така тие дојдоа до топ 50 желби, но научниците заклучиле дека повеќето возрасни ќе исполнат само пет од своите животни цели.

Повеќе од една третина од испитаниците изјавиле дека немаат доволно време да ги исполнат нивните сопствени желби и цели, 20 проценти од нив се плашеле дека во остварувањето на овие цели може сериозно да се оштетат, 25 проценти рекле дека не се способни да ги исполнат своите цели, а дури 12 проценти признале дека немаат никаква амбиција да ги исполнат своите најголеми желби.

Ова е листата на топ 50 работи што луѓето сакаат да ги направат пред смртта:

 

1. Да станат Милионер

2. Патување низ светот

3. Да ја видат поларната светлина

4. Пешачење по Кинескиот ѕид

5. Да се ослободат од кредити и хипотеки

6. Да го изодат патот на Инките

7. Да ги видат сите седум светски чуда

8. Да ги видат египетските пирамиди

9. Да измислат нешто што ќе го промени светот

10. Патување на Антарктикот

11. Патување со Ориент Експрес

12. Да одат на сафари

13. Да го видат Таџ Махал во Индија

14. Да научат да свират на пијано / гитара / тапани

15. Ноќ во најдобриот хотел во светот

16. Изградба на своја сопствена куќа

17. Возење по познатиот американски пат 66 (Route 66)

18. Посета на Лапонија

19. Пливање со делфини / ајкули

20. Преселба

21. Да научат нов јазик

22. Купување остров

23. Вечера во ресторан со Мишелин ѕвезда

24. Да напишат роман

25. Да ги видат горилата во дивината

26. Да живеат и работат во странство

27. Патување со балон со топол воздух

28. Управување со авион

29. Патување низ Нов Зеланд камперски

30. Да го започнат својот бизнис од соништата

31. Да возат Segway

32. Патување до Дизниленд

33. Коцкање во Лас Вегас

34. Статист во холивудски филм

35. Да се посветат на волонтирање

36. Да се провозат со Формула 1 автомобил

37. Да научат да возат авион или хеликоптер

38. Да создадат семејство

39. Статист во било кој филм

40. Да се качат на Монт Еверест

41. Сопствена јахта

42. Средба со нивниот идол / омилена позната личност

43. Да истрчаат маратон

44. Финале во живо на Светското првенство во фудбал

45. Запознавање со кралицата Елизабета

46. Да научат да сурфаат

47. Посета на Земјата на Хари Потер на Флорида

48. Спуштање со јаже надолу по планина

49. Да отслужат воена обука

50. Нуркање со шишиња кислород

 

Пронајдовте на оваа листа некои од Вашите животни цели?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП