19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОфицијално: Повеќе модели Lenovo нема да има

Официјално: Повеќе модели Lenovo нема да има

Концернот „Lenovo“ официјално го напушти пазарот на мобилна електроника. Отсега натаму новите смартфони на производителот ќе се пласираат со брендот „Moto“. За ова информираше на својата страница на „Facebook“ Марат Ракаев, шеф на одделот за комуникации и социјалните медиуми на рускиот огранок на „Lenovo“.

„Lenovo“ не за прв пат донесе одлука да го промени концептот на именување. Минатиот февруари стана познато дека производителот се откажува од последователниот развој на брендот „Motorola“ во корист на „Lenovo moto“.

Тогаш беше официјално најавено дека првите паметните телефони со новиот бренд ќе се појават во продажба до крајот на март.

Брендот „Lenovo“ влегува во Топ 3 на најпопуларните производители на смартфони на територијата на Русија. Кон почетокот на 2017-та година неговиот удел на пазарот е 8%, првите две места се за „Samsung“ и „Apple“, односно со 26% и 11%.

И покрај очигледната недоследност од дејствија на раководството на компанијата, можно е овој потег да се одрази позитивно врз положбата на брендот на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП